Дома Фудбал Англија Порака од Клоп до Јунајтед: Бодовите ви се важни за ЛШ, но ќе ги барате на друго место!

Порака од Клоп до Јунајтед: Бодовите ви се важни за ЛШ, но ќе ги барате на друго место!

Утре се игра дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

„Црвените“ се во борба за титулата, Јунајтед се бори за место во Лигата на шампионите и сигурно дека не чека возбудлив натпревар. Со оглед на формата Ливерпул влегува како фаворит, но ваквите дерби дуели секогаш носат неизвесност и возбудувања.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пред утрешниот натпревар Јирген Клоп порача дека нема да прави никакви калкулации.

„Знаеме со каква желба ќе дојде Јунајтед на „Енфилд“ и дека бодовите им се важни во борбата за топ 4 и место во ЛШ. Меѓутоа тие бодови ќе мораат да ги бараат некаде на друго место“, изјави Клоп.

Ливерпул сезонава е во игра за четири трофеи, го освоија Лига Купот, во финалето се на ФА Купот и во полуфиналето од Лигатан а шампионите, додека со Манчестер Сити водат битка за титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одложен натпреварот на Њукасл: Се отворила голема дупка на стадионот 🎥

Tимот на Вмблдон од Англија беше принуден да го одложи натпреварот од Лига купот против Њу…