Дома Фудбал Италија Поразот од Шпанија ја прекина НЕВЕРОЈАТНАТА серија на Италијанците

Поразот од Шпанија ја прекина НЕВЕРОЈАТНАТА серија на Италијанците

Репрезентацијата на Италија вчера беше поразена од Шпанија на стадионот „Сантијаго Бернабе“ со 3:0, со што беше прекината неверојатната серија која траеше вкупно 56 натрпевари.

Последн пат беа поразени 6. септември 2006. година во дербито против Франција, резултатот беше 3:1, а стрелци за „триколорите“ беа Сидни Гову, кој постигна два гола и Тиери Анри, додека единствениот гол за Италија го постигна Џилардино.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Од тој момент, светскиот шампион од 2006. не ја вкуси горчината на поразот во квалификациите се до доаѓањето во Мадрид и одличниот натпревар на Иско на својот стадион. Од атрактивните играчи во тој тим беа само Џанлуиџи Буфон и Андреа Барзали.

Меѓутоа, кога се гледаат само квалификациите за Мундијалот, Шпанија има уште поимпресивна серија, бидејќи не знае за пораз на вкупно 59 натпревари, од поразот од Данска во далечната 1993. година. „Црвената фурија“ во актуелниот циклус дојде до шестиот триумф, па е на врвот од табелата со 19 бода. Италијанците останаа на второто место со три бода помалку, но и многу полош меѓусебен резултат и гол разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите го налутиле Вучиќ – летале со хрватски авион!

Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателка…