Екипата на Лион лошо ја започна сезоната во Лига 1, а поразот во дербито од Сент Етјен беше капката која ја прели чашата за челниците на клубот.
Имено, на ден после дербито, Лион одлучи да ја раскине соработката со тренерот Силвиљо.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од клубот соопштија дека тренинзите на екипата, додека не се пронајде замена за Силвињо ќе ги предводи Жерард Битикл и спортскиот директор, легендарниот Жунињо.
Силвињо на кормилото на Лион стигна во мај оваа година, но не успеа долго да се задржи во овој клуб.
Се уште не е познато кој би можел да биде замена за Силвињо во Лион…