Дома Фудбал Лига на шампиони Поради финалето во Лигата на шампионите ја одложил својата венчавка

Поради финалето во Лигата на шампионите ја одложил својата венчавка

Во сабота се игра натпреварот на сезоната – финалето во Лигата на шампионите. Оваа година за најпосакуваниот клупски трофеј во Европа ќе се борат Ливерпул и Тотенхем.

Зад нас е една фантастична сезона на Лигата на шампионите во која видовме спектакуларни пресврти, а тешко дека некој пред почетокот на сезоната можеше да претпостави дека Тотенхем ќе игра во финалето од најелитното европско натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот се игра во сабота на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а помеѓу навивачите на двата клуба веќе владее голема еуфорија.

Еден навивач на Ливерпул бил невнимателен и својата венчавка ја закажал за 1-ви јули, но сега поради финалето во кое ќе игра Ливерпул тој одлучил да ја одложи венчавката за на 3-ти август оваа година.

„Вакво нешто навистина беше неизбежно, нашата венчавка немаше да биде онаква каква што сакаме да биде. Не сакавме членовите на нашите семејство да ги ставаме во незгодна ситуација да избираат помеѓу финалето и венчавката, навистина многу од нив ќе одат и во Мадрид. Разговарав со мојата свршеница и донесовме одлука дека најдобро е да ја одложиме венчавката“.

„Венчавката сега е поместена за на 3-ти август и тоа е датум кој одговара на сите. Јас како и останатите мои пријатели сега имаме можност да го гледаме финалето“, изјави навивачот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…