Летово синот на Роналдињо, Жоао Мендеш ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во англиски Барнли каде што пристигна како слободен играч.
Барнли прво сакал Мендеш да биде дел од младинскиот тим, но желбата на фудбалерот била поинаква. Во ситуација кога клубот не можел да му гарантира место во првиот тим сакале да го испратат на позајмица во Шкотска и тоа во тимот на Данди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данди е клубот каде што настапуваат македонските фудбалери, Доријан Бабунски и Кристијан Трапановски, но преселбата во овој тим не била можна поради правилата на ФИФА. Клубот има право дa испрати шест фудбалери на позајмица надвор од границите на својата држава во текот на една сезона.
Иако Англија и Шкотска се дел од Обединетот Кралство, сепак договорите помеѓу земјите се сметаат за интернационални. Ова значи дека Барнли ако сака да го позајми Мендеш тоа ќе мора да го направи во клуб од Англија или тој ќе остане да игра за У23 тимот.