Дома Фудбал Англија Поради потегот на Кепа фановите на Челзи ја променија страницата на Википедија (ФОТО)

Поради потегот на Кепа фановите на Челзи ја променија страницата на Википедија (ФОТО)

Денес Манчестер Сити го победи Челзи во финалето од Лига Купот после подоброто изведување на пенали.

Меѓутоа она за што се зборува после натпреварот е одбивањето на Кепа Аризабалга да го напушти теренот во финишот од продолженијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сари сакаше да го замени Кепа Аризабалага и во пенал рулетот на голот да биде Вили Кабаљеро меѓутоа Шпанецот одлучи да остане на теренот и не го послуша својот стратег.

Oна што е би можело да ја вжешти ситуацијата е примениот гол на Кепа во пенал серијата од Серхио Агуеро.

Фановите на Челзи се поделени после овој потег, а голем број од нив сметаат и дека Аризабалга треба да го напушти клубот. Тие се погрижија и да ја променат страницата на Викепедија.

„Кепа е непрофесионално к*пиле што мајка му не го воспитала добро“, стои во описот на Викепедија за Баскијскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…