Дома Фудбал Германија Поради однесувањето на ѕвездите на Баерн Ковач воведува ново правило

Поради однесувањето на ѕвездите на Баерн Ковач воведува ново правило

kovac

Хрватскиот стратег Нико Ковач во изминатиот период се соочи со проблеми на клупата на Баерн Минхен.

Ѕвездите на Баерн наводно не се задоволни од начинот на кој Ковач ги води тренинзите и според медиумите Хрватот нема никаков авторитет во совлекувалната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Однесувањето на одредени фудбалери ги помина сите граници. Во првенствениот натпревар против Волфсбург, Франк Рибери и Жером Боатенг одбија да се загреваат.

Искусниот Французин не сакаше да се загрева и седна покрај рекламното пано, а поради тоа Ковач буквално полуде.

„Билд“ тврди дека поради таквата ситуација Ковач вовел ново правило. Сите играчи во иднина пред почетокот на натпреварот ќе мораат да се загреваат, досега тоа го правеа само оние од стартниот тим.

Ковач очигледно се уште има проблеми ов тимот и раководството на гигантот од Минхен би требало да размисли за иднината на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…