Дома Трансфер зона Поради него се гледа Серија Б: Новиот „Пирло“ ќе го сруши рекордот на Марко Верати!

Поради него се гледа Серија Б: Новиот „Пирло“ ќе го сруши рекордот на Марко Верати!

На натпреварите на Бреша дел од навивачите и скаутите доаѓат само поради Сандро Тонали, 18 годишниот играч за врска.

Неговата сличност со Андреа Пирло е неверојатна, како физички така и играчки. Позиционирањето, шутот, начинот на додавање, движењете…Дури од Пирло собра разни гестикулации на теренот и надвор од него.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Уште една сличност помеѓу овие двајца е што и Пирло кариерата ја започна во Бреша.

„Мислам дека ќе направи голема кариера. Има се што е потребно за да стане голем играч“, изјави Пирло за неговиот наследник кого го запозна минатата година.

Тонали би можел да го сруши рекордот во Серија Б. Го сакаат најголемите италијански клубови, но во овој момет фаворит е Челзи.

„Верувам дека Бреша ќе го пушти за 15 милиони евра, можеби 20. Сигурно дека никогаш поскап играч не играл во втората италијанска лига, ќе го собори рекордот на Марко Верати кој замина во ПСЖ за 12 милиони евра“, убеден е агентот на фудбалерот.

„Веќе ме контактираа Милан, Јувентус, Рома…Меѓутоа ќе биде голема трка се уште не се знае кој ќе помина прв низ целта“, заврши агентот на Тонали кој оваа сезона одигра девет натпревари и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…