Неверојатна ситуација ни доаѓа од Полска.
Пливачкиот сојуз на оваа земја поради несериозност, незнаење или нешто трето ги остави своите пливачи без настап на ЛОИ во Токио и тие ќе мораат да се вратат назад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полска имаше шест претставници во пливање на Олимписките игри и сите шест ќе се вратат дома после бизарната грешка.
Пливачкиот сојуз на полска не ги испочитувал сите потребни административни процедури пред нивниот настап во квалификациите и така им го сруши сонот на спортистите.
Години тренирање, откажувања, паднаа во вода поради несериозност на поединец или група која ги води административните работи.
„Изразувам големо жалење и тага поради ситуацијата со нашите пливачи во Токио“, изјави претседателот на полскиот пливачки сојуз Павел Сломински.