Дома Македонски спорт Тирунех од Етиопија победник, Поп Арсова со нов државен рекорд на Скопскиот маратон (фото)

Тирунех од Етиопија победник, Поп Арсова со нов државен рекорд на Скопскиот маратон (фото)

Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.

Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кај македонските атлетчари најдобар беше Александар Кираџиев со време од 2:37:41, а зад него беше Александар Андоновиќ.

Во женска конкуренција најдобра беше Енис Мучири од Кенија, а зад неа завршија сонародничките Тануи и Лимамуреи.

Кај нашите атлетичарки најдобра беше Адријана Поп Арсова, која постави нов државен рекорд со време од 2:52:52 и го освои седмото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…