Дома Останати Кошарка НБА Попович го пофали Дончиќ и порача: Замислете да постоеше Југославија, ќе беше возудливо

Попович го пофали Дончиќ и порача: Замислете да постоеше Југославија, ќе беше возудливо

Легендарниот НБА стратег Грег Попович не можеше да не го пофали Лука Дончиќ.

Неговиот Сан Антонио беше поразен од Далас со 104:99, иако на почетокот на мечот имаа 20 поени разлика. Лука Дончиќ беше маестрален и постигна 25 поени, 10 од нив беа во последната четвртина кога се одлучуваше натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имаше некои важни потези со кои ги запре Спарси, а на крајот доби и честитки од Попович кој ја спомна и поранешната Југославија.

Lazar Keskinov

„Замислете да постоеше Југославија и сите овие момци да беа во ист тим. Тоа би било навистина возбудливо – Словенци, Хрвати, Срби…Дончиќ ме потсети на тоа – секој нов играч кој ќе се појави во овој регион е одличен. Се сеќавам на времињата на Дивац, Паспаљ, Кукоч и Петровиќ. Сите тие момци играа во исто време и беа одлични“, зборуваше Попович после мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Поранешен НБА шампион заврши во затвор

Поранешниот НБА играч Глен Дејвис е осуден од федерален судија на 40 месеци затвор, три го…