Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ игра на високо ниво и на 36 години и сега интерес за него покажа тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
Модриќ беше блиску до трансфер во Интер, но сепак на крајот остана во Реал Мадрид. Меѓутоа сега би можел да добие понуда која тешко се одбива. Новата франшиза Интер Мајами на која сопственик е Дејвид Бекам ќе ја игра премиерната сезона во МЛС лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекам има намера да создаде квалитетен тим во кој ќе има барем 2-3 големи имиња.
Според информациите на „Марка“ Интер Мајами му доставил на Модриќ понуда според која би заработувал двојно повеќе од она што го добива во Реал Мадрид. Хрватот во овој момент во Реал заработува 10 милиони евра по сезона, Бекам му нуди 20.
Ваква понуда Модриќ тешко дека ќе добие некаде на друго место, па ако навистина се работи за таа сума овој трансфер лесно би можел да се реализира со оглед на тоа дека Модриќ полека влегува во залезот на кариерата.