Дома Трансфер зона Понижување какво што немал во кариерата…Играше за Челзи, Реал и Милан, а сега е вишок во Индонезија

Понижување какво што немал во кариерата…Играше за Челзи, Реал и Милан, а сега е вишок во Индонезија

esien

Некогаш славниот фудбалер на Челзи, Микел Есиен имаше неславен крај на соработката со клубот од Индонезија Персиб Бандуг каде што пристигна пред една година.

По завршувањето на сезоната во Индонезија на Есиен му истече договорот со Персиб кој имаше опција да го задржи. Меѓутоа во овој клуб проценија дека Есиен не им е потребен и му се заблагодарија на соработката.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Есиен сега повторно е слободен играч, но во многу незгоден момент бидејќи во поглемиот дел од лигите се влегува во завршницата, па останува да се види каде фудбалерот од Гана ќе ја продолжи кариерата.

Наводно Есиен би можел да остане во Индонезија и тоа во Бали Јунајтед кој сака да го ангажира по отказот во Персиб.

Микел Есиен за Персиб одигра 29 натпревари и постигна пет погодоци, а во кариерата освен за Челзи играше и за гиганти како Реал Мадрид, Милан, Лион…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…