Голема трагедија се случи во Индонезија каде што за време на еден натпревар помеѓу локалните кипи Бандунг и Субанг фудбалер загина по удар на гром.
34-годишниот фудбалер Септиан Рахарја загинал набрзо по ударот, а од силината на ударот уште негови двајца соиграчи се здобиле со повреди. Информациите од медиумите се дека Рахарја давал знаци на живот, меѓутоа починал откако бил пренесен во болница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку во Индонезија ова е вторпат да удри гром, претходно тоа се случи на млад фудбалер од Источна Јава на екипи до 13 години. Тогаш младиот фудбалер успеа да го преживее ударот.
Guy was killed by lighting strike in indonesia 🇮🇩 RIP pic.twitter.com/HVzTUyoT8a
— junior (@A_NOLDD) February 12, 2024