Дома Останати Кошарка НБА Пол се врати, но Санси поразени во „Стејплс-Центарот“

Пол се врати, но Санси поразени во „Стејплс-Центарот“

Во финалето на пле-офот на Западната конференција Клиперси во третиот натпревар и прв во „Стејплс Центарот“ славеа против Феникс со 106:92.

Откако претходно Санси остварија две победи на свој паркет сега Клиперси беа сигурни како домаќини и намалија на 2:1. Од почетокот домаќинот го презема водството и имаше плус осум на крајот на првата четвртина (29:21), но гостите направија пресврт и на одмор заминаа со водство од 48:46.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Клиперси повторно во третата четвртина беа подобри и стигнаа до највисоки до тој момент 12 поени предност, а со влегувањето во последните 12 минути водеа со 80:69.

Предноста порасна и на 18 поени, а Санси повеќе не успеаа да се вратат во мечот.

Џорџ со 27 поени, 15 скокови и осум асистенции ги предводеше Клиперси додека Реџи Џексон уфрли 23 поени. Добро издание имаше хрватскиот центар Ивица Зубац со 15 поени и 16 скокови. На другата страна Ејтон имаше 18 поени и девет скокови, додека Девин Букер уфрли 15, а повретникот Крис Пол исто така 15 поени и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Италија се спаси во последна секунда и ја испрати Хрватска дома🎥

Вистинска драма се случуваше на дирекниот дуел помеѓу Италија и Хрватска, кој на крајот за…