Дома Останати Ракомет Полуфиналето на СП ни носи два спектакли: Кој има предност?

Полуфиналето на СП ни носи два спектакли: Кој има предност?

Светското првенство на кое ние ја освоивме 15-тата позиција дојде до самата завршница, а после денешните полуфинални двојки ќе бидат познати и финалистите.

Полуфинале изборија репрезентациите на Данска, Франција, Германија и Норвешка, па така можеме да кажеме дека спактаклот во двете средби е загарантиран.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Првиот натпревар е од 17:30 часот и во тој ќе се сретнат Данците и Французите, за многумина ова е натпревар финале пред финале. Данска е единствената репрезентација која до оваа фаза од натпреварите стигна без изгубен бод, но тоа не мора ништо да значи бидејќи Франција може да победи било кого.

Во второто полуфинале ќе се сретнат репрезентациите на Германија и Норвешка. Германците полуфиналето го обезбедија едно коло пред крајот после победата над Хрватска, додека Норвежаните стравуваа до последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првен…