Дома Македонски спорт Полуфиналето во Грција донесе скок на ВТА листата за Ѓорческа

Полуфиналето во Грција донесе скок на ВТА листата за Ѓорческа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на најновата ранг листа и сега со 421 поен се наоѓа на 178.то место односно има напредок од 11 позиции.

Ѓорческа претходната недела ја заврши со настап во полуфиналето на фјучрсот во Ираклион каде освои 25 поени. Лина во конкуренција на двојки има пад за едно место односно се наоѓа на 327.то место со 256 поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По едена недела пауза Ѓорческа е пријавена за настап на фјучрсот во Валенсија што стартува на 20.ноември.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА Магдалена Стоилковска има скок за 8 места и сега е рангирана на 1223.то место со 8 поени, додека во конкуренција на двојки и таа има пад за едно место и со 6 поени се наоѓа на 1472.то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…