Дома Останати Ракомет ПОЛУВРЕМЕ: Лејно одлична на голот, Вардар има контрола и предност против Ростов!

ПОЛУВРЕМЕ: Лејно одлична на голот, Вардар има контрола и предност против Ростов!

Денес во терминот од 18:00 часот женскиот тим на Вардар го игра полуфиналето во Лигата на шампионите против дебитантот на еден фајнал-фор турнир Ростов.

Вардарки одиграа одлично полувреме и имаат предност по првите половина час игра, а најмногу поради супер расположената Амадин Лејно на голот која одбрани неколку зицери на противникот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Македонскиот претставник имаше предност во текот на целото полувреме освен во почетните минути кога Ростов постигна гол за 1:0.

Во продолжение Вардарки прикажуваа одлична игра и во неколку наврати имаа четири поени предност, за на крајот полувремето да го завршат со предност од три гола 10:7.

Да потсетиме, доколку Вардар избори пласман во финалето на што сите се надеваме во финалето ќе игра против актуелниот шампион Ѓер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар обезбеди четвртфинале во Европската лига: Вака се славеше во Германија (Видео)

Ракометарите на Вардар со убедлива игра го потврдија првото место во групата 3 од ЕХФ Евро…