Репрезентацијата на Македонија до 21 година на полувремето против Фарски Острови има минимална предност.
Натпреварот го започнавме со контрола на топката без да создаваме посериозни прилики за гол, така беше се до 16-тата минута кога Милан Ристовски ја искористи асистенцијата на Ердон Даци. До водство стигнавме од нашата прва поголема прилика.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Даци од десната страна испрати топка по земја во шеснаесетникот, а таму Милан Ристовски кој во отсуство на Давор Здравковски (поради жолти картони) ја носи капитенската лента најдобро се снајде и ја затресе противничката мрежа.
По овој гол домаќините на неколку пати се заканија со добри шанси пред голот на Јанков. За среќа нашата одбрана и Јанков беа на висина на задачата. Се заканивме и ние, меѓутоа до втор гол во првите 45 минути не дојдовме.