Дома Топ вести Полош и од Куман: Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век

Полош и од Куман: Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век

Moжеби звучи изненадувачки, но статистиката покажува дека Чави Ернандез е најлошиот тренер на Барселона од 2001 година до сега.

Во Ла Лига Барселона од почетокот беше изедначена со Реал Мадрид се до вчера кога „кралевите“ славеа во „Ел Класико“ и сега имаат три бода предност. Од друга страна во Лигата на шампионите Барселона многу веројатно ќе испадне во групната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од почетокот на Примера до вчерашниот натпревар Каталонците имаа само еден примен гол во Ла Лига, па впечатокот беше дека тимот напредува со Чави на клупата. Сепак, ако се погледне статистиката ќе се заклучи дека Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век. Да, полош и од Куман кој толку многу беше критикуван.

Во 50 натпревари колку што ја води Барселона, Чави има учинок од 28 победи, 11 нерешени и 11 порази. Процентот од 56% е полош од било кој тренер од 2001 година наваму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хит: Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање

Овој викенд Манчестер Сити очекува дуел во шеснаесеттина финалето на ФА купот против ниско…