Дома Фудбал Лига на шампиони Полиција ги исфрлала играчите на Баерн од соблекувалната на судијата!

Полиција ги исфрлала играчите на Баерн од соблекувалната на судијата!

Тројца фудбалери на Баерн Минхен после поразот од Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето во ЛШ ја посетиле соблекувалната на судијата.

Шпанските медиуми наведуваат дека Тиаго Алкантара, Артуро Видал и Роберт Левандовски сакале лично да го искажат незадоволството од поедини одлуки на судиите, на челото со унгарскиот арбитар Виктор Касаи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Спорт“ пренесува дека на „Сантиаго Бернабеу“ морала да интервенира полицијата со цел да ги исбрка лутите играчи на Баерн од просториите наменети за судиите.

Видал во 84-та минута доби дискутабилен втор жолт картон, а Баварците сметаат и дека двата гола на Реал се постигнати од чиста офсајд ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…