Дома Фудбал Останато Покетино: Секоја недела добивам отказ

Покетино: Секоја недела добивам отказ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека е мирен за својата иднина, иако призна дека го нервираат постојаните гласини за негов отказ.

„Имам уште една година од мојот договор, и постојано се шпекулира. Ме отпуштаат секоја недела. Клубот сака да се промени. Претседателот наскоро ќе го објасни новиот проект, но јас сум мирен“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За да стигнете до ПСЖ, треба да бидете добар тренер. После година и пол во Париз, се чувствувам како еден од најдобрите. Водење соблекувална со толку многу ѕвезди е искуство од кое учиш секој ден“, изјави Покетино, а потоа ја искоментира сезоната.

„Бевме многу блиску да го елиминираме Реал Мадрид, мислам дека бевме подобри, но не го зададовме последниот удар. Ако целта е освојување на Лигата на шампионите, нормално е испаѓањето да предизвика ваква бура“, заклучи Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Диего Коста: Конте во Челси никој не го сакаше

Диего Коста зборуваше за своите искуства со поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте, п…