Дома Фудбал Останато Покетино: ПСЖ секогаш имал посебно место во моето срце

Покетино: ПСЖ секогаш имал посебно место во моето срце

Маурисио Покетино денес беше промовиран во нов тренер на ПСЖ.

Покетино уште од отказот во Тотенхем кон крајот на 2019 година беше без клуб. Сега се реши да ја прифати понудата од клубот каде што еден период беше и играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На претставувањето Покетино истакна големо задоволство што добил прилика да го води ПСЖ.

„Исклучително сум среќен што станав тренер на клуб каков што е ПСЖ. Им благодарам на луѓето во клубот за укажаната доверна, овој клуб секогаш имал посебно место во моето срце. Имам прекрасни спомени од времето поминато тука. Денес се враќам во клубот со големи амбиции затоа што ќе работам со некои од најдобрите играчи во светот. Тимот има фантастичен потенцијал и ќе направам се за да ја оправдам довербата и да донесам добри резултати“, изјави ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …