Дома Фудбал Англија Покетино откри која му била целта во Челзи и се пожали: Очекував да биде тешко, но не до волку

Покетино откри која му била целта во Челзи и се пожали: Очекував да биде тешко, но не до волку

Маурисио Покетино, менаџерот на Челзи, изјави дека резултатите на лондонскиот фудбалски клуб оваа сезона се далеку од очекувањата и додаде дека неговиот тим мора да победи доколку сака да ги оствари своите цели.

Челси моментно се наоѓа на 11 место на табелата во Премиер лигата со 22 бодови од 18 натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Знаевме дека ќе биде тешко оваа година, но не мислев дека ќе биде толку тешко. Затоа што кога ќе се земат предвид сите околности, повреди и суспензии, се влошува ситуацијата. Имавме премногу важни играчи надвор од тимот и многу околности кои одеа против нас од почетокот на сезоната, а кои не беа во наши раце“ – изјави Покетино.

Аргентинецот истакна дека Челзи го очекуваат големи предизвици, а не крие дека при неговото доаѓање целта му била самиот врв, нешто што сега изгледа невозможно од ситуацијата во која се наоѓаат.

„Далеку сме од целите. Да бидам искрен, наша цел беше самиот врв. Ние сме Челзи, нашата историја бара да бидеме блиску до врвот. Сега треба да бидеме реални. Целта е да победуваме што повеќе“, истакна стратегот на „сините“

Челзи во денес го пречекува Кристал Палас во рамките од 19 коло во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…