Маурисио Покетино со голем успех веќе пет години седи на клупата на Тотенхем, а сега за прв пат најави дека би можел да го напушти клубот.
Покетино најави дека би можел да разгледа евентуално заминување од Тотенхем доколку неговиот тим стигне до титулата во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ утре му гостуваат на Ајакс со негатива од 1:0 од првиот меч. За Покетино освојувањето на Лигата на шампиони ќе биде одлично заокружување на петгодишниот престој во Тотенхем.
„Освојување на Лигата на шампионите? Тоа би било фантастично. Да се затвори петгодишно поглавје и да се оди дома. Не се шегувам, зошто би се шегувал? Доколку се освои Лигата на шампионите со Тотенхем во оваа сезона би можел да размислам за нешто поразлично во иднина“, изјави Покетино.