Се погласни се шпекулациите дека Маурисио Покетино може да го замени Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед.
Покетино е без ангажман, а раководството на Манчестер Јунајтед веќе стапило во контакт со неговите агенти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Англиските медиуми сега пренесуваат дека Покетино на крајот на минатата година имал на маса понуда од Барселона, но одлучил да ја одбие.
Причината за тоа е што сакал да биде тренер на друг клуб, односно во Манчестер Јунајтед, па изгледа дека наскоро ќе му се исполни желбата.
Останува да видиме дали наводите на англиските медиуми ќе се остварат, но по се изгледа дека Покетино наскоро ќе седне на кормилото на „Олд Трафорд“.