Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино, последните неколку месеци беше поврзуван со голем број европски гиганти, изјави дека не добил такви понуди.
Само Бенфика и Монако биле единствените клубови кои испратиле конкретна понуда за аргентинскиот стратег, а во медиумите се шпекулираше дека го барала и Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покетино додаде дека не може да работи со сегашниот претседател на Каталонците, Жосеп Марија Бартомеу и призна дека неговиот сон е еден ден да го води Реал Мадрид.
„Не ми беше понудено да станам тренер на Барса. Не се гледам заедно со Бартомеу. Вечерав со Рамон Планес затоа што сме пријатели со него многу години, од 2009 година, кога тој започна да работи во Еспањол. Немав понуди од ПСЖ, ниту од Јувентус, ниту од Интер. Ми се јавија од Бенфика и Монако. Немам причина да лажам за тоа“, призна Бартомеу.
„Не знам дали некогаш ќе го водам Реал, но секако тоа е мојот сон. Ако не и најголемиот. Реал е еден од најдобрите клубови во светот. Секој има свој список на соништа. Јас не се разликувам“, рече Покетино во интервју за „Марка“.