Дома Фудбал Франција Покетино имал проблем затоа што го избрал Меси за фаворит за „Златната топка“

Покетино имал проблем затоа што го избрал Меси за фаворит за „Златната топка“

На 29. ноември ќе биде објавен добитникот на Златната топка.

Лионел Меси и оваа сезона е помеѓу најсериозните кандидати и оваа награда, а се споменуваат и имињата на Мбапе и Нејмар. Покетино претходно изјави дека Меси треба да ја освои Златната топка, за по мечот со Марсеј да открие дека имал проблеми поради таа изјава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имав проблем што кажав дека Меси треба да ја освои Златната топка. Нејмар и Мбапе потоа ме прашаа зошто не сум ги избрал нив. Во секој случај би било добро наградата да ја добие некој играч на ПСЖ, но Лео сигурно ја заслужува“.

Покрај фудбалерите на ПСЖ во потесна конкуренција се споменуваат уште имињата на Бензема и Робер Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…