Откако стана јасно дека Бускетс сигурно заминува на крајот на сезоната, Барселона ја интензивира потрагата по негов наследник.
Каталонските медиуми пренесуваат дека прва мета е играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти, па сега ќе биде примарна трансфер цел на лето.
Амрабат одигра фантастично на Мундијалот и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но тој преферира преселба во Барселона.
Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.