Дома Македонски спорт Мак фудбал Познат првиот термин кога може да се одигра натпреварот Македонија – Косово

Познат првиот термин кога може да се одигра натпреварот Македонија – Косово

Eвропското првенство денес и официјално беше одложено за летото 2021 година (11. јуни – 11. Јули), а со тоа беше јасно дека се одложуваат и баражите кои требаа да се играат на крајот на овој месец.

Македонија на 26 март требаше да игра против Косово, но како и другите баражи и нашиот е одложен. Веќе се споменува и првиот термин кога може натпреварот да се одигра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите првиот термин е јуни, секако под услов ситуацијата до тогаш да се стабилизира.

Засега точен датум не е потврден бидејќи во преден план се националните шампионати и европските клупски натпреварувања кои се планирани да завршат до крајот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…