Португалскиот лев бек Жоао Кансело во наредните денови ќе го напушти Манчестер Сити.
Од поодамна е јасно дека Пеп Гвардиола не смета на Португалецот кој минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона, а претходно во Баерн Минхен, па од почетокот на преодниот рок се чека неговиот трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што стојат работите негов нов клуб би можел да биде Ал Хилал, најсилниот тим во Саудиска Арабија.
Манчестер Сити ќе заработи 35.000.000 евра, што е за 30.000.000 помалку од цифрата што ја платија на Јувентус за неговите услуги пред пет години, но не можеа ниту да ја очекуваат таа сума за играч кој е во втор план и на кого Гвардиола вооошто не смета.
Кансело има 30 години, а причината поради која Пеп не го сака во тимот не се неговите играчки квалитети, туку неговите човечки квалитети, барем така се пишуваше во медиумите.
Претходно Манчестер Сити преговараше и со Барселона за останување на Кансело во каталонскиот гигант, меѓутоа двете страни не успеаа да најдат заеднички јазик околу висината на оштетата.