Се уште траат преговорите за нов договор меѓу полскиот напаѓач Роберт Левандовски и Баерн Минхен. Претставниците на клубот од Минхен на секој начин се обидуваат да го убедат најдобриот играч во тимот да остане на „Алијанц Арена“, но засега најавите се дека Левандовски сака да ја промени средината.
Договорот на Левандовски со Баварците истекува следната година, а еден од најдобрите светски фудбалери, наводно, сака да ја напушти Германија и да се пресели во Шпанија, поточно во Каталонија и да го облече дресот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Условите од новиот договор кои Баерн му ги понуди на Левандовски не ги задоволуваат неговите финансиски желби, ниту пак годините во договорот.
Барса е подготвена да плати и до 40.000.000 евра за Полјакот, но ќе се обиде дополнително да му ја спушти цената, со тоа што ќе почека Левандовски и неговиот агент да преговараат со Баерн.
За следната недела е закажан нов состанок на раководството на Баварците и агентот на Левандовски Пини Захави, но нема навестувања дека ситуацијата ќе се промени. Левандовски е решен да го напушти Минхен и да се пресели во Барселона, има голема желба да се проба во Примера.