На 28 октомври во Париз ќе биде доделена престижнта награда „Златна топка“, а шпанска „Марка“ денес го откри добитниот.
Признанието ќе го добие фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Извори од Мадрид пишуваат дека се е подготвено Винисиус да биде прогласен за најдобар играч во 2024 година.
Не се прослави со репрезентацијата, во четврт финалето беше елиминиран од Копа Америка од Уругвај, но со Реал ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, исто како и Дани Карвахал.
Зад него ќе завршат Џуд Белингам од Реал Мадрид и Родри од Манчестер Сити, пишува шпанска „Марка“.