Поранешниот бразилски репрезентативец Данис Алвес пред неколку дена излезе од затвор во Барселона откако плати кауција од милион евра и на слобода ќе ја чека пресудата по обвинението за силување.
Иако првично беше објавено дека Нејмар ја платил кауцијата, потоа се споменуваше Мемфис Депај, а денеска шпанската новинарска Мариса Бласкез откри дека привремената слобода на Алвес ја плати бразилски магазин!
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според „Мундо Депортиво“, една медиумска куќа од Бразил уплатила милион евра, а во замена за тоа добила екскулзивни права на интервју со Алвеш.
Планот е да се направи видео документарец со негово прво интервју по излегувањето од затвор, што според фирмата ќе биде повеќе од доволна компензација за инвестираните еден милион евра.