Дома Фудбал Останато Познато колку ќе паузира Нејмар

Познато колку ќе паузира Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, ќе ги пропушти наредните три натпревари за „светците“, пренесуваат француските медиуми.

Бразилецот се повреди на натпреварот во Истанбул против Башакшехир, во Лигата на шампионите, па мораше да биде заменет во 26 минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Деталните лекарски прегледи покажаа дека Бразилецот нема големо оштетување на мускулот, па ќе ги пропушти натпреварите кои ќе се одиграат до репрезентативната пауза.

ПСЖ ќе игра против Нант (31 октомври), Лајпциг (4 номеври) и Рен (7 ноември). Од почетокот на сезоната, Нејмар, во Лига 1 има одиграно четири натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…