Дома Фудбал Познато колку Суарез ќе отсуствува од терените

Познато колку Суарез ќе отсуствува од терените

Барселона викендов беше поразена на гостувањето кај Леванте со 3:1.

Каталонците го запишаа третиот пораз во Ла Лига оваа сезона иако на полувремето водеа со 1:0, но во вториот дел домашниот тим во период од само седум минути постигнаа три погодоци и на крајот славеа голема победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај поразот, дополнителни главоболки на Валверде му даде Суарез кој во 41. минута поради повреда мораше да го напушти теренот.

Уругваецот заработи повреда на десната нога, а шпанските медиуми пренесуваат дека ќе биде надвор од теренот три недели.

Суарез така ќе го пропушти натрпеварот во ЛШ против Славија, како и натпреварите против Селта и Леганес во лигата, а прашање е дали ќе биде спремен за дуелот против Борусија Дортмунд во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш Усман Дембеле, сега крило на Фенербахче, Дортмунд летово ја разбива касата?

Борусија Дортмунд го следи крилниот напаѓач на Фенербахче, Доргеле Нене (23), како потенци…