Дома Фудбал Познато колку Дембеле ќе отсуствува од терените

Познато колку Дембеле ќе отсуствува од терените

Екипата на Барселона го совлада Леганес со 3:1 и така ја задржи предноста на табелата во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак Каталонците се соочија и со проблем во овој натпревар – се повреди Осман Дембеле.

Дембеле што туку влезе во посакуваната форма, а вчера беше еден од најдобрите на теренот и постигна еден погодок.

Денес на Дембеле му беа направени детални прегледи по што се откри дека повредата на напаѓачот не е сериозна и ќе биде надвор од терените околу 15 дена.

Отсуството од терените не е долг период, единствено е незгодно што доаѓа во време кога Дембеле започна да прикажува одлични настапи.

Треба да се спомене дека Дембеле вчера постави рекорд за дриблинзи во едно полувреме (11).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…