Каталонскиот „Ел Национал“ тврди дека Барселона спрема понуда од 30 милиони евра за Дани Олмо.
Лајпциг, клубот кој минатата година го доведе Олмо за 22 милиони евра со бонуси минатото лето одби двојно поголема понуда. Меѓутоа, Олмо после исцрпувачкото лето со шпанската репрезнетација и заработената повреда имаше пад на цената.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата околу Олмо ја следи и Динамо Загреб затоа што хрватскиот клуб има процент од следниот негов трансфер. На Динамо му припаѓа 20% од разликата на трансферот, во овој случај ако Барселона го купи за 30 тогаш Динамо ќе добие 1.6 милион евра.
Британските медиуми наведуваат дека Олмо има голема желба за потпис со Барселона, но има и друга опција, а тоа е Манчестер Јунајтед кој е заинтересиран за шпанскиот репрезентативец.