Дома Фудбал Останато Познато колкава плата му нуди ПСЖ на Мбапе со новиот договор

Познато колкава плата му нуди ПСЖ на Мбапе со новиот договор

Пари Сент Жермен сака долгорочно да го задржи Килијан Мбапе во своите редови и му нуди нов договор со астрономска плата.

Мбапе минатата сезона беше одличен во дресот на ПСЖ, па на 43 меча постигна 39 гола, од кои 33 беа во француското првенство поради што ја доби наградата за најдобар стрелец во Лига 1, а урна и многу рекорди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, младиот Французин е на мета на Реал Мадрид, кој е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

И самиот Мбапе е поласкан од идејата да игра за еден од најголемите клубови во светот, па ПСЖ мораше брзо да реагира. Управата на „светците“ му понуди нов договор со значително зголемување на платата.

Имено, ПСЖ му нуди 5-годишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси со кои платата може да достигне до 40 милиони евра.

Сега се чека одлука на Мбапе, дали ќе стави потпис на овој договор или сепак ќе чека Реал Мадрид да испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пенал во Премиер лигата предизвика голема бура: Две години чекаа на победа и на овој начин стигнаа до неа

Фудбалерите на Лидс Јунајтед по две години пауза се вратија во Премиер Лигата, а голот за …