Дома Фудбал Останато Познато кои клубови ќе ја сочинуваат Супер лигата

Познато кои клубови ќе ја сочинуваат Супер лигата

Светската фудбалска федерација во соработка со големите европски клубови, пред се Ливерпул и Манчестер Јунајтед започнала проект за формирање на Европска Супер лига.

Европската Супер лига ќе ги вклучува најголемите европски клубови, кои за почеток ќе имаат на располагање финансиски проект од 6 милијарди евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Целиот проект го поддржува ФИФА, а моментално се водат преговори со повеќе од 12 клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.

Се очекува лигата да брои 18 клубови и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.

Весникот „АС“ во денешното издание ја откри листата на клубови кои ќе ја сочинуваат Суперлигата.

Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем од Англија, потоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Примера, како и ПСЖ, Јувентус, Милан, Интер и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Три екипи покажале сериозен интерес: Димитриевски ја напушта Валенсија!?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски наскоро би можел да ја напушти Вале…