Дома Трансфер зона Познато кое ќе биде првото засилување на Лапорта во Барса

Познато кое ќе биде првото засилување на Лапорта во Барса

Десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин може да се врати во Барселона, ако Жоан Лапорта победи на претседателските избори.

Според англиските медиуми Шпанецот веќе му дал ветување на Лапорта, кој е фаворит да биде избран за нов претседател на Барселона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


25-годишниот Белерин е дете на Барселона, но уште во 2011 година се пресели во Арсенал, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Белерин на лето ќе влезе во последната година од договорот, но уште минатото лето сакаше да ја промени средината. Тогаш Артета го убеди да остане, но сега е спремен да го напушти Арсенал.

За него постои интерес од неколку европски гиганти, но тој преферира да се врати во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…