Дома Фудбал Италија Познато кога ќе биде грандиозното претставување на Роналдо

Познато кога ќе биде грандиозното претставување на Роналдо

Новата голема ѕвезда на Серија А, Кристиано Роналдо во понеделник официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Јувентус, потврди „Газета дело Спорт“.

Вчера и официјално Реал Мадрид и Јувентус ја потврдија зделката, а официјалното претставување на Роналдо ќе се случи во понеделник.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Старата дама“ припрема грандиозна церемонија, па стадионот на Јувентус ќе биде мал да го собере сите фанови кои ќе сакаат да присуствуваат.

Стадионот ќе биде преолн, а се очекува десетици илјади фанови да го гледаат претставувањето на видео бим надвор од стадионот.

Официјално најдобриот фудбалер на светот ќе пристигне во Торино во понеделник наутро, најпрво ќе ги мине рутинските лекарски прегледи, а потоа ќе биде официјално претставен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ го објави новиот систем на натпреварувањ: Се менува ситуацијата во Првата, Втората и сите трети лиги! (Фото)

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа …