Дома Топ вести Познато кога Меси ќе биде спремен за игра?

Познато кога Меси ќе биде спремен за игра?

Само што се опорави од повредата Лионел Меси ќе мора да оди на нова, соопштија докторите на клубот. Веројатно Барселона ќе биде без Меси и во натпреварот против Интер во наредното коло во Лигата на шампионите.

Само три натпревари играше Меси оваа сезона во Ла Лига. Прво во Лигата на шампионите играше против Борусија Дортмунд и на теренот помина 31 минута, за во наредните две кола во Примера да одигра по едно полувреме и следуваше нова повреда.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Клупските доктори објавија дека настрадал бутниот мускул, но не сакаа да прецизираат точно колку Барса ќе биде без капитенот. Сепак, бидејќи се работи за истегнување не би требало да биде тоа долга пауза.

За викендот сигурно нема да игра против Гетафе, а многу е можно од трибините да го гледа и натпреварот против Интер во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе јавно го повикува соиграчот да дојде во Мадрид?

Килијан Мбапе денес говореше на прес-конференција пред утрешниот дуел меѓу Франција и Укра…