Дома Фудбал Италија Познато зошто судот пресуди во корист на Јувентус: Наполи од мечот се откажал многу порано пред забраната

Познато зошто судот пресуди во корист на Јувентус: Наполи од мечот се откажал многу порано пред забраната

Раководните луѓе на италијанската Серија А денес донесоа конечна одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи.

Натпреварот требаше да се одигра на 5-ти октомври, но Наполи не пристигна во Торино бидејќи имаше двајца играчи позитивни на Ковид 19.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според правилата на Серија А натпреварот не се одложува доколку еден од тимовите нема 10 или повеќе позитивни играчи, но Наполи тврдеше дека му било забрането да патува од локалните здравствени власти.

Денес Лигата донесе конечна одлука и реши натпреварот да биде запишан со службена победа на Јувентус од 3:0.

По ваквата одлуката во италијанските медиуми е објавено и зошто била донесена таква конечна одлука.

Имено, Наполи од играње се откажал многу порано пред да добие забрана за патување. Наполитанците чартер летото и хотелските соби ги откажале во саботата навечер, додека конечната одлука на здравствените власти е донесена дури во неделата во 14:13 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…