Дома Фудбал Лига на шампиони Познати составите за вечерашниот спектакл – Барса ултра офанзивна!

Познати составите за вечерашниот спектакл – Барса ултра офанзивна!

Барселона вечерва го пречекува Јувентус на „Камп Ноу“. Гостите од Торино доаѓаат со голема предност од 3:0, но во срцето на Каталонија веруваат во уште еден епски пресврт.

Луис Енрике и неговиот тим по секоја цена сакаат пласман во полуфиналето во ЛШ и по можност повторно да се искачат на кровот на Европа.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тешко е да се замисли дека Барса може да го „уништи“ Јувентус како што го направи тоа со ПСЖ, но кога станува збор за Барселона ништо не е невозможно.

Имаше многу нагаѓања околу вечерашните состави, односно никој со точност не можеше да ги предвиди точните 11 на Барселона. Иако составите сеуште не се официјални, во медиумите се појавија информации за тимовите.

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри остана верен на оние 11 кои играа во Торино, додека кај Барса се враќа после суспензијата Серхио Бускетс.

Барселона (3-3-1-3): Тер Штеген, Пике, Маскерано, Умтити, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Роберто, Суарез, Нејмар.

Јувентус (4-2-3-1): Буфон, Дани Алвеш, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…