Дома Трансфер зона Познати сите детали: Ливерпул се засилува со светски шампион за 70 милиони евра

Познати сите детали: Ливерпул се засилува со светски шампион за 70 милиони евра

Алекс Мекалистер ќе биде нов играч на Ливерпул и во тоа нема никакви дилеми.

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека „црвените“ ја активирале откупната клазула за играчот на Брајтон за околу 70 милиони евра. Светскиот шампион со Аргентина ќе потпише договор до 2028 година.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Наскоро Мекалистер ќе ги помине медицинските прегледи по што ќе следи и промоцијата во тимот на Клоп.

Во изминатите неколку сезони Мекалистер играше одлично за Брајтон, па така стигна до повик и во аргентинската репрезентација. За Брајтон во изминатата сезона одигра 39 натпревари и постигна 12 голови.

Мекалистер е фудбалер кој освен што игра во средниот ред може да се користи и на крилната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…