Езгјан Алиоски се повеќе се поврзува со трансфер во турскиот шампион Трабзонспор, според информациите овој клуб силно притиска за доведување на Џани во овој преоден рок.




Последните информации од турските медиуми се дека Трабзонспор на Алиоски му нуди договор според кој би заработувал два милиони евра по сезона, засега не се открива должината на договорот.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Абдула Авчи, тренерот на турскиот клуб смета дека Алиоски би бил големо засилување и од огромна важност на левата бековска позиција.




Со Трабзонспор Алиоски би добил и можност за настап во Лигата на шампионите, што секако е примамливо. После завршените обврски кон македонската репрезентација Алиоски сега ќе може да се фокусира на преговорите со турскиот клуб.