Дома Фудбал Англија Познати детали од повредата: Еве кога се враќа Салах!

Познати детали од повредата: Еве кога се враќа Салах!

Мохамед Салах игра фантастична сезона и за само една година стана еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул, според статистиката.

Салах постигна гол и во големата победа над Манчестер Сити во Лигата на шампиони, но ги загрижи навивачите бидејќи поради повреда мораше порано да го напушти теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Извори блиски до Ливерпул пренесуваат дека повредата не е сериозна и дека Салах би можел да се најде на теренот уште утре против Евертон. Меѓутоа, Клоп на пресконференцијата денес потврди дека не сака да ризикува и дека Египќанецот ќе го пропушти градското дерби.

Добра вест за сите во Ливерпул е што Салах сигурно ќе биде спремен за реваншот против Манчестер Сити во вторник во Лигата на шампиони.

Салах оваа сезона постигна неверојатни 29 гола и запиша 10 асистенции на 31 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкендија продаде еден од своите фудбалери во руски Ахмат

Шкендија официјално потврди дека го реализирала трансферот на дефанзивецот Клисман Цаке, к…