Дома Фудбал Англија Познати деталите од договорот на Ливерпул и Слот

Познати деталите од договорот на Ливерпул и Слот

Англискиот клуб веќе се збогува со Јирген Клоп, кој претходно изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул.

Тоа го поттикна раководството на клубот да бара замена, а изборот падна на Арне Слот, кој треба да пристигне по завршувањето од сезоната од Феенорд.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Во врска со таа преселба, клубовите се договорија претходните неколку дена, не долго откако самиот Слот призна дека преговараат и дека сака да биде на клупата на „црвените“.

Во меѓувреме беа откриени деталите за тој трансфер, па Фабрицио Романо најавува дека се може да биде официјализирано и наредната недела..

Познато е и дека Ливерпул ќе плати девет милиони евра, плус уште два милиони на Слото, а целиот пакет би требало да го чини околу 13 милиони.

Условите за плаќање се за една година, а како сигурен дел од стручниот штаб на Слот засега се споменуваат Сипке Хулшоф и Рубен Петерс. Слот минатата година ја освои титулата со Феенорд во Холандија, но оваа година не успеа да ја одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО: Влаховиќ освиркан по постигнатиот гол на ревијалниот натпревар

ЈУВЕНТУС забележа победа со 2:0 против јуниорите на традиционалниот подготвителен натпрева…