Дома Фудбал Позната причината поради која Клоп ги одбил Јунајтед и Реал

Позната причината поради која Клоп ги одбил Јунајтед и Реал

Јирген Клоп во октомври 2015. година пристигна во Ливерпул.

Германецот последните сезони е одличен со Црвените, а круна на сето тоа беше титулата во ЛШ која Ливерпул ја освои минатата сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пред доаѓањето на Енфилд, Клоп седум години ја предводеше Борусија Дортмунд, а во тоа време многу од големите клубови сакале да го ангажираат.

Поранешниот играч на Ливерпул, Роби Фаулер призна дека Клоп пред неколку години му кажал дека ги одбил Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

„Направив интервју со него пред неколку години, а тој ми кажа дека одбил неколку супер богати клубови. Еден од нив е дефинитивно Манчестер Јунајтед, а другиот веројатно Реал Мадрид бидејќи не му се допаднало тоа што биле фокусирани исклучиво на комерцијалните работи.“ – изјави Фаулер.

„Ми кажа дека му се допаѓа Ливерпул бидејќи има рамнотежа помеѓу парите потребни за достигнување на врвот, историјата и идентитетот на клубот и нивните навивачи.“ – додаде легендата на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го гази ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство (Видео)

Поранешниот англиски првак Челси го започна мечот од Светското клупско првенство со домина…